ЗА НАС

Добредојдовте во S&S – Silvi Style, Вашиот прв избор кога сте во потрага по трикотажни производи. Ние сме посветени да го произведеме најдоброто за Вас, фокусирајќи се на квалитет, удобност и пристапни цени.

Нашата производствена компанија е основана во 1998год., од страна на млада ентузијастка која неуморно работеше на целта – и последниот клиент да биде задоволен. Почнавме скромно, со неколку материјално-технички и човечки ресурси, во малечка просторија, а со тек на време растевме и како компанија и како семејство. Клиентите го препознаа квалитетот и трудот и ни овозможија да порасне и нашиот работен простор како и да се унапредиме технолошки. Сега сме изграден, препознатлив бренд ширум Македонија и на Балканот.

Палетата на производи која ја нудиме се состои од пижами за возрасни и деца, долна облека за возрасни и деца и бебешки програм. Работиме исклучиво со природни, биоразградливи материјали и се надеваме дека ќе уживате во нашите производи како што и ние уживаме додека Ви ги презентираме. Доколку имате некои прашања или коментари, Ве молиме да нè контактирате.

Искрено Ваш S&S – Silvi Style